Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Н. Е Метју Лосон на која разговараа за билатералната соработка, поддршка за проектите за реформите во правосудството , борбата против организираниот криминал и реализација на стратешките цели за полноправното членство во ЕУ .
Министерот Филков посочи дека претстои долг и тежок пат за имплементација на реформи во Судскиот совет, Советот на јавни обвинители и Академијата за судии и јавни обвинители, со цел враќање на довербата на граѓаните во правдата.
Амбасадорот Лосон изрази подготвеност за експертска помош за скенирање на состојбите и продлабочување на соработката за зајакнување на капацитетите на земјата во критичните области.
Обединетото Кралство останува да биде наш најголем стратешки партнер, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО Алијансата и продлабочување на билатералната соработка во сферите од взаемен интерес.