35-годишник од Кочани изгубил контрола врз мотоциклот и паднал на коловоз, двајца повредени

Motorcycle.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 17.35 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од улицата „14 Бригада“ и улицата „Цар Самоил“ во Кочани, 35-годишниот Е.С. од Кочани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, извести МВР.


„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.А.(43) од Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кочани“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK