Продолжија студентските протести против војната во Газа во САД, уапсени 2 колумбиски студенти

h_54334071-800x471.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку двајца студенти беа уапсени за време на нивниот протест против израелската војна во Појасот Газа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.



Полицијата протестите пред пладне во вторник ги оцени како мирни, но попладнето дошло до ескалација кога била обоена статуа пред зградата на универзитетот, јавува Би-би-си.

Студентите скандираа „Слобода за Палестина“, тропаа на тапани и маршираа околу зградата на Колумбија, барајќи од администрацијата на универзитетот да не заборави зошто протестираа на крајот од минатиот семестар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK