Вчера во 18.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од булеварот „Ленинова“ и улицата „24 Октомври“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот К.М. од село Ново Село, струмичко и мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 25-годишниот Д.Ѓ. од Струмица, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.