СДСМ: Новиот директор на Клиничка болнца Штип од ВМРО-ДПМНЕ удри по пожарникарите

thumbnail_Со-нова-иновативна-опрема-Водно-заштитено-од-пожари-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот директор на Клиничка болнца Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Владко Захариев удри по пожарникарите, велат од СДСМ преку соопштение.



Од партијата тврдат дека опомена пред тужба од страна на Клиничката болница во Штип му пристигнала на пожарникар за негово лекување откако за влакно не го изгубил животот во гаснење на пожарите по што морал да се лекува.

„ДПМНЕ ги казнува пожарникарите додека тие се единствени кои се борат со пожарите и го ризикуваат својот живот. Скандалозен и недозволив е ваков однос и вакво непочитување. И додека им фрчат казни од една страна, од друга страна ДПМНЕ им ги замрзна и платите на пожарникарите. Дури пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не го прифатија амандманот на СДСМ со ребаланост да им се даде награда на пожарникарите за учеството во гасењето на пожарите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Партијата додава и дека сега со новата власт на ВМРО-ДПМНЕ, нема пари за пожарникарите, нема пари за наставниците, професорите, нема пари за работниците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK