Зеленски сака да користи оружје со долг дострел за да гаѓа цели во Русија, побара поддршка од Трудо

trudo-zelenski1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека побарал од канадскиот премиер Џастин Трудо да му помогне да обезбеди поддршка меѓу западните партнери за напади врз воени цели длабоко на руска територија.


Зеленски го повика Трудо да лобира кај сојузниците за да и дадат „дозвола и неопходни средства на Украина за напад на воени цели на територијата на земјата агресор“, се вели во неговата објава на англиски јазик на социјалната мрежа „Икс“ по телефонскиот разговор на двајцата лидери.

Канада, членка на НАТО со една од најголемите украински дијаспори во светот, го снабдува Киев со воена и финансиска помош откако Русија го нападна својот сосед во февруари 2022 година. Кабинетот на Трудо соопшти дека канадскиот премиер му рекол на украинскиот претседател дека руските напади „дополнително го зајакнуваат глобалното единство и решителноста да ја поддржи Украина во претстојните меѓународни ангажмани“.

Зеленски на Телеграм рече дека разговарале и за конференцијата на која Канада треба да биде домаќин. Конференцијата е продолжение на мировниот самит што Киев го свика во јуни. Канада ќе биде домаќин на состанок на ниво на министри за надворешни работи, потврдија од кабинетот на премиерот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK