Русите истрелаа ракети и врз Киев

Кличко им порача на граѓаните да останат во засолништа
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заедно со Лавов на запад, Русите синоќа истрелаа ракети и врз главниот град Киев.


Очевидци изјавија за Ројтерс дека слушнале неколку експлозии на периферијата на Киев и дека звучело како да се активирани системи за противвоздушна одбрана.

Последните напади доаѓаат само еден ден откако Русија го погоди воениот институт во централниот украински град Полтава со две балистички проектили во најсмртоносниот поединечен напад на војната оваа година, при што загинаа најмалку 50 луѓе, а стотици беа повредени.

Русија се уште не се огласи за нападот на Полтава. Москва постојано повторува дека е насочена кон воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина, а не кон цивилите.

Русија во последните десет дена ја напаѓа Украина со стотици проектили и беспилотни летала, а некои руски воени блогери сметаат дека ова е одговорот на Москва на неодамнешниот упад на Киев на руска територија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK