Играч на Валенсија упасен за сексуален напад

15149228404564.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанската полиција во понеделникот вечерта го уапси напаѓачот Рафа Мир, кој е осомничен за сексуален напад. Според достапните информации, напаѓачот на Валенсија се уште е во притвор


Како што пренесува „Кадена СЕР“, жртви на наводното кривично дело се две жени кои во неделата биле во куќата на 27-годишниот напаѓач. Заедно со Мир бил приведен уште еден маж. Се наведува дека двете жени се на возраст од околу 25 години, дека веднаш пријавиле во полиција и отишле на лекарски преглед.

Мир, кој првите професионални чекори ги направи во вториот тим на Валенсија, се врати на „Местаља“ на почеток на сезоната како позајмен играч од Севилја. Тој сезонава одигра четири натпревари за „лилјаците“.

Првиот мандат во Валенсија го заврши во 2018 година кога замина во Вулверхемптон. Не играше во Англија, а „волците“ постојано го испраќаа на позајмицици: Лас Палмас, Нотингем Форест и Уеска. На „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја пристигна во летото 2021 година.

Валенсија се огласи по повод апсењето на Мир. Клубот наведува дека нема да се огласува во јавноста додека не бидат познати повеќе детали, но дека ќе соработува со полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK