СДСМ: Брука, германската инвестиција беше целосно договорена и потпишана од Битиќи

sdsm-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според СДСМ, стануваат смешни и очајни обидите на Христијан Мицкоски да се накити со туѓи перја за секоја инвестција која е договрена од СДСМ. Германската компанија, односно инвестицијаta за производство на литиумски батерии како што појаснуваат од оваа партија, беше договорена уште во септември минатата година од тогашниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи.



„Потпишувањето на овој значаен договор се случи во Франкфурт и претставува резултат на седуммесечен интензивен процес на преговори, започнат и успешно завршен од страна на СДСМ. Можно ли е Мицкоски до толку да нема ниеден проект со кој може да се пофали па мора да краде од СДСМ? Ќе почне ли Мицкоски да работи нешто конечно или само ќе се занимава со манипулација на јавноста?

СДСМ истакнува дека ваквите инвестиции се резултат на внимателно планирани и стратешки насочени политики, кои нашата влада ги спроведуваше со цел да привлече технолошки напредни и одржливи компании во земјата“.

СДСМ, се нагласува во соопштението, ќе продолжи да работи на создавање нови можности за економски раст и подобрување на животниот стандард на сите граѓани, без разлика на обидите на актуелната влада да ги присвои нашите успеси.

Потенцираат дека македонската јавност заслужува вистински информации и транспарентност, а не манипулации и празни пофалби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK