Полицијата приведе 60-годишник од селото Крушопек, поради тоа што го запалил стрништето од својата нива и предизвикал пожар, кој опфатил поголема површина.
Од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.