Двајца тинејџери обвинети за убиство на 13-годишно момче во Велика Британија

6169862fd5d20.image_.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британската полиција уапси двајца тинејџери под сомнение дека со нож избоделе 13-годишно момче во Олдбери, во англискиот Западен Мидлендс, објави денеска „Скај њуз“.



Полицијата соопшти дека тинејџерите биле приведени во врска со фаталниот напад.

Од полицијата додаваат дека за апсењата било информирано семејството на 13-годишното момче.

Полицискиот надзорник Ким Мадил во четвртокот изјави дека болничарите „залудно се обидувале да го спасат животот“ на ранетото момче.

„Имаме тим од детективи кои истражуваат што точно се случило и ја следиме истрагата за да ги откриеме осомничените“, додаде таа во петокот, пред апсењето на тинејџерот.

Кривично е пријавен и 40-годишен маж кој им помагал на насилниците.

На сите тројца им е одреден полициски притвор и денеска ќе се појават пред судот во Бирмингем.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK