Вчера во 13.05 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „Тоде Богданоски“ во Гостивар, 59-годишниот С.Д. од гостиварски Равен, управувајќи мопед со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал од мопедот, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар“, соопшти МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.