Маж со пиштол упаднал во просториите на болница во Загреб, пренесуваат медиумите во регионот.
„Јутарњи лист“ јавува дека полицијата и интервентните единици се во процес на преговори со мажот.
Се уште не е утврдено дали мажот има вистинско оружје.
Очевидци раскажуваат дека се околу болницата е полно со полиција.
Според „Јутарњи“, лекарите и другиот персонал се заклучиле во канцелариите со пациентите.