Римски сребрени монети ископани на југот на Италија

srebreni-moneti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Археолозите ископаа 27 римски сребрени монети на оддалечен остров во јужна Италија, за кои се верува дека биле скриени од пирати, соопштија денеска локалните власти.


Монетите, кои датираат помеѓу 94 и 74 година п.н.е., беа откриени во истата област каде што беа пронајдени уште 107 монети во 2010 година на оддалечениот остров Пантелерија, кој се наоѓа во морето меѓу Тунис и Сицилија.

Локалитетот е исто така блиску до местото каде што неколку години претходно беа пронајдени бистите на Цезар, Агрипина и Тит.

Археолозите предводени од Томас Шефер од германскиот универзитет во Тибинген ги пронашле монетите за време на проект за чистење и реставрација на Акрополот Сан Марко и Санта Тереза, соопшти регионот на Сицилија.

Според Шефер, некои од сребрените монети повторно се појавиле по дождот, додека други биле пронајдени под голема карпа за време на ископувањето.

Археологот рече дека верува оти богатството било скриено за време на пиратски напад, што во тоа време било вообичаена појава, а потоа никогаш не е пронајдено.

„Ова откритие нуди вредни информации за реконструкција на настаните, трговските контакти и политичките односи што го одбележаа Медитеранот за време на Римската Република“, рече регионалниот советник Франческо Паоло Скарпинато.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK