„Поточиња“ со аудиција за нови членови од 11 до 13 септември

potochinja.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Детскиот фестивал „Поточиња“ ќе спроведе нов серијал од аудиции, кои ќе трааат од 11ти до 13ти септември 2024 година, во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ (населба Аеродром), за прием на нови членови – учесници на новото фестивалско издание.



„Идните Поточиња ќе биде потребно да отпеат една омилена песна по избор и притоа да понесат широка насмевка бидејќи мисијата на Поточиња е среќни, весели и безгрижни деца“ велат организаторите на фестивалот.

Аудицијата ќе се одржи во наведените три дена (11.-13.09.2024) во период од 18:00 до 19:00 часот, а самото пријавување се врши на лице место. Аудицијата е за деца на возраст од 5 до 10 години.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK