Околу 30 мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

ceska-brza-pomos.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чешката полиција синоќа во близина на Прага открила околу 30 мигранти во задниот дел на камион. И покрај обидите за реанимација, една жена починала, соопшти службата за итна помош АСЧР на мрежата „Икс“.


Многу од мигрантите биле во лоша здравствена состојба, но не им била потребна хоспитализација, соопшти службата. Камионот со странски регистрации бил запрен на околу 30 километри северно од Прага, на автопатот Д8 кој води кон источногерманската покраина Саксонија, соопшти полицијата.

Полицијата претпоставува дека мигрантите само минувале низ Чешка кон Западна Европа. Полицијата не ја соопшти националноста на мигрантите. Според податоците на Министерството за внатрешни работи во Прага, минатата година во Чешка биле приведени 13.898 лица без валидни документи за престој.

Ова е речиси двојно помалку отколку во 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK