Фотограф падна на црвениот тепих во Венеција, Џорџ Клуни ги изненади сите со својот гест

Screenshot-2024-09-03-084352.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал се појавија на црвениот тепих за премиерата на неговиот филм Wolfs, во кој глуми со Бред Пит. Парот им позираше на фотографите на филмскиот фестивал во Венеција, а еден од фотографите падна додека ги снимаше. Актерот пријде да му помогне.


Клуни му помогна на фотографот да стане, а Амал стоеше до него. После тоа, актерот решил да го расположи фотографот, па го зеде фотоапаратот и им се придружи на фоторепортерите од другата страна на црвениот тепих и почна да фотографира.

Неговиот потег ги воодушеви присутните, а фотографиите на кои актерот го следи настанот со сериозен израз и опкружен со насмеани фотографи го обиколија светот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK