Воените ветерани го исвиркаа Додик, тој им покажа среден прст: „Не сакаа да му подадат рака“

Додик-Ова-е-прашање-на-живот-и-смрт-ќе-ги.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера беше организиран Гастро фест на Езерото Бардача кај Бања Лука, каде што се случи инцидент меѓу членовите на Здружението на ветерани од патриотската војна и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.


Додик на фестивалот дошол со хеликоптер, а кога минувал покрај шаторот во кој се собрале ветераните се случил инцидент. Им пришол да се ракува, но тие го одбиле, пишува „Кликс“. Потоа извикале по него, а Додик се свртел и им го покажал средниот прст.

По заминувањето на Додик, двајца од придружбата на Додик им пришле на ветераните и еден од нив делувал агресивно.

„Точно е дека имаше непријатна ситуација кога Милорад Додик се приближи до нашата маса. Луѓето не сакаа да се ракуваат со него и почнаа гласно да се жалат, а тој се сврте и им покажа среден прст. После тоа, еден од членовите на неговото обезбедување влезе во разговор со наши луѓе, но сепак беше спречен посериозен инцидент“, изјави потпретседателот на здружението Недељко Клинцов.

Бранислав Бореновиќ, претседателот на Партијата за демократски напредок (ПДП), за „Klix.ba“ потврди дека тоа се случило и рече дека се се случило неочекувано за десет секунди, а се објави и на X.

За инцидентот зборуваше и претседателката на Народен фронт, Јелена Тривиќ, која рече дека кревањето на средниот прст на Додик е симбол на неговиот однос кон народот.

„Дезертер во војна, среден прст на борците во мир – тоа е Додик! Тоа е Милорад Додик. Ако не му беше јасно никому досега. Некогаш воен профитер и шверцер – секогаш воен профитер. Средниот прст кон борците е среден прст за целата наша нација, прстот за борците е среден прст на Милорад Додик за цела Република Српска“, рече Тривиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK