Софија Куновска: Има ли СДСМ градоначалник во Центар?

kunovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чудни се политичките патеки кога те води жедта за власт по секоја цена.
Кога го прочитав ставот на градоначалникот на Центар дека треба да се доградат законските објекти од Скопје 2014, свесно одмолчев, си реков можеби е изваден од контекст, или барем сакав да се залажувам дека е така. Во основа тоа беше потреба да се покаже поддршка за најавата на премиерот Мицкоски за довршување на објектите, а јас не сакам да верувам дека градоначалникот на најурбаната општина во државата, во која живее прогресивната и демократски освестена јавност, може да прави вакви лупинзи. Одмолчев, иако имам идеолошка и архитектонска алергија од криминалната пералница Скопје 2014, како и повеќето урбани гласачи на еден поинаков СДСМ од едни други времиња на паркобраните, гушкањето на ГТЦ, протестите за менувањето на имињата на Скопските улици…..

Настрана што, да потсетам, партиски настрадав кога како претседател на Градската организација на СДСМ-Скопје јавно протестирав кога Радмила и Зоки се појавија на забава на Дајнерс во стиропорниот театар од Скопје 2014.


Сега, слушам нова изјава на градоначалникот на Центар од редовите на СДСМ?! Сега дава поддршка на идејата на ЗЕЛС (читај ВМРО-ДПМНЕ) за одземање на надлежностите на градоначалникот на Скопје. Тоа било “возможно и неопходно”. Како, како? Има две можни толкувања за ова поведение на градоначалникот на Центар. Или СДСМ одлучил да му помогне на ВМРО-ДПМНЕ во намерите да се амнестира пред Скопјани што ја кандидираше Данела Арсовска или СДСМ нема веќе градоначалник во Центар бидејќи истиот можеби решил да се бори за втор мандат како кандидат на друга партија?

И втора дилема: дали се од иста политичка партија членовите на Советот на Град Скопје и градоначалникот на Центар? Со оглед на фактот дека едните ги поддржуваат програмите на градоначалничката Данела Арсовска, а другиов ќе и ги одземал ингеренциите?

Да не се разбереме погрешно, Данела е проблем, па е проблем, ама што му се случува на СДСМ, да ми е да знам…
Партизаните губеле животи борејќи се за идеалите на НОБ и АСНОМ, па се прашувам можеме ли ние, 70 години подоцна, барем за образ да не загубиме да се избориме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK