Аеродромските згради во Кошице и Попрад во Словачка утрово беа евакуирани поради пријавена закана за бомба, која се покажа дека е лажна.
Аеродромот Попрад-Татри беше првиот што објави за тоа на својата веб-страница.
– На аеродромите во Словачка е пријавена бомба, поради што аеродромот Попрад-Татри во моментов е затворен, патниците се евакуираат, а се проверуваат терминалите и административните области – се наведува во соопштението, пренесува словачкиот портал Aktuality.
Аеродромот Попрад-Татри продолжи да работи по безбедносната проверка.
Поради закана од бомба, евакуирана е и зградата на терминалот на аеродромот во Кошице, а откако било утврдено дека нема опасност, работата продолжила.
Безбедносни мерки беа спроведени и на аеродромот во Братислава.
-Поради дојава за бомба, полицијата изврши пиротехнички претрес на аеродромот без потреба од евакуација на терминалот и ограничување на воздушниот сообраќај – изјави портпаролката на аеродромот во Братислава за ТАСР, Вероника Демовичова.