30 дена притвор доби мажот кој со нож нападнал и прободел сосед

obvinitelstvo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

30-дневен притвор му е одреден на 36-годишен маж од селото Стримница кој вчера пред угостителски објект во селото со нож нападнал и прободел сосед, информираат денеска од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово.


Повреденото лице, се здобило со тешка телесна повреда – убодна рана во градниот кош. Лицата што во тој момент биле пред угостителскиот објект го однеле повредениот во тетовската болница, од каде, како итен случај, бил препратен во Клиничкиот центар во Скопје.

На пресметката ѝ претходела расправија во дворот на џамијата каде имало петочна молитва.

Повреденото лице во дворот на џамијата имал расправија со градоначалникот на Општина Желино кој присуствувал на молитвата. Сега осомничениот, заедно со неговиот татко, ја забележале расправија, а бидејќи од претходно знаеле дека станува збор за лице што е агресивно, се доближиле да го смират. Но, бидејќи тој не се смирувал, додаваат од Обвинителството, физички ги нападнал и го удрил во глава таткото на сега осомничениот.

Другите присутни ги раздвоиле и ја прекинале физичката пресметка, но подоцна се случил кривично-правниот настан, велат од ОЈО Тетово.

Триесет и шестгодишникот е осомничен за кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Инцидентот вчера го потврдија од Министерството за внатрешни работи.

За целиот случај информации сподели и градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу. Тој на својот ФБ профил напиша дека лице лекувано во психијатриската болница во Бардовци му се заканувало и барало од него да го вработи.

Тој посочува дека лицето не го познава, ниту со него имал претходни проблеми. Сепак, неговите сознанија се дека поради психијатриски проблеми бил сместен во болницата во Бардовци, како и дека бил осуден на неколку години затвор за сторени кривични дела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK