Лабадија само три дена беше селектор на Нигерија

Untitled-3-21.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот стручњак Бруно Лабадија по три дена ја напушти селекторската функција на Нигерија, соопшти Фудбалскиот сојуз на оваа африканска земја.



Како што е соопштено, договорот со Лабадија кој беше потпишан пред три дена бил раскинат бидејќи Германецот побарал ФС на Нигерија да ги покрие трошоците за данокот на плата, што било одбиено и договорот бил раскинат.

„Не можеме да преземеме одговорност да плаќаме дополнителни пари, меѓу 32 и 40 отсто од неговата плата, над договорената месечна плата“, се вели во соопштението на Нигериската фудбалска федерација.

Лабадија бараше ФС на Нигерија да плати данок на неговата плата на германската држава, што Нигеријците го одбија.

Веднаш по раскинувањето на соработката со Германецот, Фудбалскиот сојуз на Нигерија за селектор го назначи Аугустин Егуавон, кој ќе го води тимот во следните два натпревари, по што ќе биде донесена одлука дали ќе остане.

Искусниот 59-годишен стручњак по четврти пат во кариерата ќе ги предводи „Супер Орлите“, на клупата беше во 2005-2007, 2010 и 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK