(Видео) Први снимки од украинскиот напад врз Белгород: пет лица загинаа, 37 се повредени

Screenshot-2024-08-31-091649.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Смртоносниот напад на Украина врз рускиот град Белгород е снимен на повеќе видеа споделени на социјалните мрежи и апликации, а сите прикажуваат вознемирувачки сцени.


Вооружените сили на Украина истрелаа околу четириесет гранати кон градот, од кои триесет беа соборени. Пет лица загинаа, а 37 се повредени.

На една од снимките е прикажан центарот на Белгород, главната раскрсница. Нормалниот сообраќај и животот трае до моментот кога ќе започне гранатирањето: снемува струја, одекнуваат експлозии, а луѓето бегаат.

„Резултатот од гранатирањето на Белгород се пет мртви цивили, 46 ранети. Сега 37 лица се во болници, од кои седум се деца, а едно дете е во тешка состојба“, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков.

Според извештаите, една жена и четворица мажи загинале на лице место, од удар на граната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK