Вчера во 18.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово патничко возило „џип“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот А.С. од Тетово удрило во 78-годишната М.Г. од Тетово, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Клиничката болница Тетово, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.