Руската војска соопшти дека во текот на ноќта нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 18 украински беспилотни летала над регионите на Крим, Брјанск, Калушка и Белгород.
Беше прецизирано дека 11 беспилотни летала се соборени над територијата на регионот Брјанск, четири над регионот Калушка, два беспилотни летала се уништени над Крим и еден над регионот Белгород, пренесува РИА Новости.
Руското Министерство наведува и дека хеликоптерот Ми-28НМ на руската армија извршил ракетен напад и уништил персонал и оклопни возила на вооружените сили на Украина во пограничниот регион на областа Курск.