Стартуваше празнувањето на општината Ѓорче Петров: викендов е наменет за љубителите на филмската индустрија

Screenshot-2024-08-30-105341.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со настап на бендот „Retro vibes“ започнаа Деновите на општина Ѓорче Петров кои ќе траат речиси цел месец .


Вечер исполнета со добра музика, вкусна храна и пијалоци е она кое го раздвижи централниот дел на Ѓорче за сите генерации и вкусови.

Викендов е наменет за љубителите на филмската индустрија , па сабота од 19.30 часот на игралиштето „Бранители “ во Волково ќе биде прикажан филмот „Те дуа , жими мене“.

Недела е ден посветен на најмладите , а нивните насмевки ни се најважни пред почетокот на учебната година. Фестивалот за детски песни „Јаболчиња“ ќе започне од 13 часот во реонскиот парк.

За љубителите на старите автомобили на Корзо во Ѓорче ќе бидат изложени над 60 олдајмери, стари над 40 години, од соседните земји.

Културно забавната програма ќе трае се до 20 септември со голем концерт на познати македонски пејачи, а ќе бидат проследени и многу други настани со спортски, културен и забавен карактер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK