Работна средба на министерот за внатрешни работи Тошковски со амбасадорот и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан

toshkovski4-2-800x467.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан. На средбата беше потврдена одличната соработка, а акцентот беше ставен на тековните проекти, кои со поддршка на УНДП се спроведуваат во МВР.


Беа потенцирани придобивките од продолжување на заедничката соработка во борбата против недозволено поседување, злоупотреба и нелегална трговија на мало и лесно оружје, компјутерскиот криминал, зајакнување на капацитетите на системот за форензика и истрага на местото на настанот за подобрување на кривично-правната контрола на мало и лесно оружје, како и можноста за соработка и во областа на управувањето со кризните ситуации со цел зајакнување на безбедноста на државата, како и реализација на нови проекти.

Двајцата соговорници го потенцираа значењето на целокупната поддршка што УНДП ја дава на Министерството за внатрешни работи, како и подготвеноста за понатамошно интензивирање и продлабочување на соработката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK