Се распаѓа српската репрезентација – По Влаховиќ, Пикси остана и без СМС и Миторвиќ

0fa7ced786.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селекторот на Србија, Драгн Стојковиќ-Пикси, се соочува со сериозни кадровски проблеми пред стартот на натпреварите во Лигата на нации. Србија оваа сезона ќе се натпреварува во А-дивизијата. Прв противник на Србите ќе им биде актуелниот европски првак Шпанија, на 5.септември во Белград.


По неуспехот на Европското првенство, Пикси се откажа од неколкумина фудбалери (Гудељ, Младеновиќ, Гачиновиќ, Костиќ…), а од националниот тим се прости капитенот Душан Тадиќ.

Откако го објави списокот за натпреварите со Шпанија и Данска, на Пикси му откажа Душан Влаховиќ, како што објави поради семејни проблеми, а во четвртокот поради повреди се откажаа Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Нивните откази го привлекоа вниманиетот на српските медиуми бидејќи двајцата, синоќа одиграа по 90 минути за Ал Хилал.

Српските медиуми, по завршувањето на Европското првенство, пишуваа дека неколку играчи се скарале со селекторот и дека го поддржале капитенот Тадиќ. Според овие извори некои играчи, без да бидат објавени нивните имиња, му кажале на Пикси дека нема да играат за репрезентацијата додека тој е селектор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK