Лукашенко: Никогаш нема да издавам наредби на војниците да се борат надвор од земјата

Aleksandar-Lukasenko-750x500.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денеска дека никогаш нема да издава наредби на белоруските војници да се борат надвор од земјата.


„Немаше и нема да има наредба да ја напуштиме нашата земја“, рече Лукашенко на состанокот со официјални лица кои му го претставија извештајот за актуелните прашања на информациската политика, пренесе БелТА.

Тој рече дека белоруските трупи ќе влезат во битка само ако „странските војници дојдат во земјата со лоши намери“.

На 25 август, Министерството за надворешни работи на Украина ја повика Белорусија да ги повлече своите трупи од границата. Министерството, повикувајќи се на разузнавачки податоци, изјави дека е загрижено поради концентрацијата на значителен број персонал и воена опрема во регионот Гомел во близина на северната граница на Украина, пренесува Танјуг.

Портпаролот на белоруското Министерство за надворешни работи, Анатолиј Глаз, изјави дека Киев не испратил официјални барања до Минск за повлекување на своите војници.

Секретарот на Белорускиот совет за безбедност, генерал-полковник Александар Волфович претходно изјави дека Белорусија е запознаена со сите вооружени групи создадени на територијата на Украина и е подготвена соодветно да одговори на провокациите доколку е потребно.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека украинските беспилотни летала почнале редовно да ги нарушуваат југоисточните граници на земјата, а на границата на двете земји има повеќе од 120.000 украински воени лица.

Поради тоа, рече тој, белоруските војници биле принудени целосно да ја минираат територијата што граничи со Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK