Гвардиола поделил бонуси на помошниот персонал, потрошил 600.000 фунти

378001.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола (53) направи голем гест за да им се заблагодари на вработените во клубот за одличните резултати минатата сезона, кога четврти пат по ред ја освоија Премиер лигата. Од свој џеб на секој член на помошниот персонал му платил бонус од 10.000 фунти (11.896 евра), јавува Би-би-си.


Подарокот го примија сите вработени во Сити кои работат во зградата на првиот тим на Градската фудбалска академија во рамките на кампусот Етихад, во која има рецепционери, чувари, физиотерапевти, келнери и други вработени. Вкупната сума на исплатените бонуси на Гвардиола е околу 600.000 евра.

Менаџерот на Сити често ги користи своите прес-конференции пред натпреварите за да го истакне поширок придонес во создавањето на тим кој постојано ги исполнува високите стандарди кон кои клубот се стреми за секоја сезона.

Минатата сезона Сити стана првиот тим во англискиот фудбал кој ја освоил шампионската титула во четири последователни сезони. Седма последователна сезона стигнаа и до четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Тренер е 16 години, а само три години нема освоено титула. Со Манчестер сити освои се, исто како и претходно со Барселона, додека со Баерн не успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Гвардиола на чело на Сити деветта последователна сезона. Во англискиот клуб остана значително подолго отколку во Барселона (четири години) и Баерн (три години). Бројни медиуми шпекулираат дека тој би можел да замине во 2025 година кога ќе му истече договорот, а се споменуваше дури и дека тогаш може да ја преземе англиската репрезентација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK