Милевски повика 26 фудбалери за дуелите со Фарски Острови и Ерменија

Milevski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Фарски Острови (7. септември) и против Ерменија во Скопје (10. септември) од новото издание на Лига на Нации.


На спискот на селекторот нема изненадувања, тука се играчите кои играа и во минатиот квалификациски циклус за пласман на ЕП. Повратник во репрезентацијата е Давид Бабунски, а прв пат во националниот тим е повикан неговиот доиграч од Данди јунајтед, Кристијан Трпановски.

На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 26 фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Валенсија (Шпанија)
Дамјан ШИШКОВСКИ – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички

ОДБРАНА:

Висар МУСЛИУ – Падерборн (Германија)
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар (Унгарија)
Јован МАНЕВ – Адана Демирспор (Турција)
Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати (Русија)
Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре (Данска)
Стефан АШКОВСКИ – Шанлиурфаспор (Турција)
Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова (Романија)
Дарко ВЕЛКОВСКИ

СРЕДЕН РЕД:

Енис БАРДИ – Трабзонспор (Турција)
Јани АТАНАСОВ – Краковија (Полска)
Агон ЕЛЕЗИ – Бохум (Германија)
Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице (Полска)
Елиф ЕЛМАС – Лајпциг (Германија)
Исник АЛИМИ – Сепси (Романија)
Давид БАБУНСКИ – Данди Јунајтед (Шкотска)

НАПАД:

Бојан МИОВСКИ – Џирона (Шпанија)
Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко ЧУРЛИНОВ – Јагиелонија (Полска)
Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук (Хрватска)
Лирим ЌАМИЛИ – Сондерјиске (Данска)
Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин (Хрватска)
Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Данди Јунајтед, Шкотска)

Собриот на македонската репрезентација е закажан за 2. септември во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK