Русија објави дека додала 92 лица на списокот на Американци на кои им е забранет влезот во земјата, вклучително и новинари од „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост„, „Волстрит журнал“ и неколку американски функционери, јавува „Гласот на Америка“.
Руското Министерство за надворешни работи објави дека забраната е спроведена „како одговор на русофобниот курс што го спроведува администрацијата на Бајден со декларирана цел да и нанесе стратешки пораз на Москва“.
„Ги потсетуваме сегашните американски власти на неизбежноста на казнување за непријателски дејствија“, се вели во соопштението на Министерството.
Новинарите на црната листа, според министерството, претставуваат „водечки либерално-глобалистички публикации вклучени во производството и ширењето на „фалсификати“ за Русија и руските вооружени сили“.
Меѓу забранетите новинари е и главната уредничка на „Волстрит Журнал“, Ема Такер, која ја прогонуваше Русија поради апсењето и осудувањето на новинарот Еван Гершковиќ.
Минатата недела, САД објавија нови санкции против повеќе од 400 субјекти обвинети за поддршка на Русија за време на нејзината војна со Украина.
Според Министерството за финансии, санкциите се фокусирани на компании во Русија, Европа, Азија и Блискиот Исток обвинети дека и помагаат на Русија да ги избегне американските санкции и ѝ овозможиле војна во Украина.