Партизан испадна од сите натпреварувања на УЕФА

imago1049236828s.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот клуб Партизан доживеа фијаско на европската сцена. Црно-белите поставија нов, срамен рекорд, испадна од квалификациите за сите три европски натпреварувања. Минатата сезона ова му „успеа“ на украински Днипро. Инаку, украинскиот клуб годинава згасна и повеќе не постои.



Црно-белите не успеаја да ја надополнат негативата од првиот меч против Гент. Згора на тоа, загубија и во Белгија и со тоа европската сезона ја завршија на крајот од август. Од трите натпреварувања на УЕФА, Партизан испадна за само 36 дена.

Партизан, сезоната ја започна во второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Црно-белите беа демолирани во двата натпревари против Динамо Киев. Украинците со вкупен резултат 9:2 се пласираа во следната рунда, а Партизан продолжи во квалификациите за пласман во Лига Европа.

Противник во третото коло, во Лига Европа на Партизан му беше Лугано. Швајцарците во Белград славеа со 1:0. Во реваншот Партизан избори продолженија, откако во 90 минути резулатото беше 1:2. Но Швајцарците во првото продолжение со играч помалку постигнаа гол и го елиминираа српскиот тим.

На крајот Партизан не успеа ниту против Гент, во плеј-офот за пласман во Конференциската лига. Двата натпревари Белгијците го добија со по 1:0.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK