Почина затвореник од Идризово, се повредил со стакло и почнал обилно да крвари

zatvor-idrizovo-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 12.35 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово во Скопје било пријавено дека околу 12.00 часот во установата, во просторија за посети, нивниот осуденик Д.Ф.(35) од Скопје искршил стакло и се повредил, по што почнал обилно да крвари, а на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ починал.


Од страна на лекар констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK