Киеза ја прифатил понудата од Ливерпул

image_4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанскиот фудбалер Федерико Киеза наскоро ќе стане новиграч на Ливерпул.


Според добро информираниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, поранешниот играч на Јувентус ја прифатил понудата на Ливерпул.

Киеза со „црвените“ ќе потпише четиригодишен договор, а вредноста на трансферот е околу 13 милиони фунти плус бонуси.

Киеза повеќе не беше во плановите на Јуве, каде му останаа уште 12 месеци од договорот. Во текот на летото тој беше поврзуван со Интер, но не доби конкретна понуда. Минатата недела медиумите во Шпанија пишуваа дека Барселона е подготвена да го донесе Киеза.

Сепак, Барселона поради лошата финансиска состојба не можеше да делува на пазарот, а шансата ја искористи Ливерпул.

За време на неговиот престој во Јувентус, тој одигра 131 натпревар во сите натпреварувања, постигна 32 гола и забележа 23 асистенции. Претходно играше за Фиорентина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK