Чичко го снимал малолетниот внук додека без дозвола управувал товарно возило на автопат од Кадино до Арачиново

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, во присуство на неговиот татко Ќ.М.(45), бил извршен службен разговор со малолетник од с.Сарај, скопско и со неговиот чичко Б.М.(40) од Сарај.


Имено, на 10.08.2024 околу 14.00 часот, Б.М. го снимал својот малолетен внук додека на автопатот Велес – Скопје, од клучка Кадино до клучка Арачиново, без возачка дозвола управува товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Сарај, по што снимките ги споделил на социјални мрежи.

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во координација со Секторот за компјутерски криминал, инспектор по малолетници од ЕВР Гази Баба, а по претходна консултација со јавен обвинител за малолетници, ќе преземе мерки според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и тоа: против Б.М. по член 317 став 14, против правното лице по член 317 став 12 и став 13 и против малолетникот по член 225 став 9. За настанот е известен и Центарот за социјални работи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK