(Видео) Ослободена заложничка на Хамас направи луда забава, некои не се воодушевени: „Таа танцува полугола, а момчето се уште е заложник“

f_35041603_1280.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четворица заложници, кои беа киднапирани од музичкиот фестивал Нова на денот на ужасниот масакр на Хамас на 7 октомври 2023 година, беа спасени од израелските сили за време на рацијата во центарот на Газа. Меѓу нив беше и 26-годишната Ноа Аргамани, израелска државјанка со кинеско потекло. На видеото кое беше објавено во израелските медиуми по масакрот на Хамас, се прикажува како терористите ја возат на мотор додека 26-годишната девојка вика: „Не ме убивај!“.


Аргамани денеска конечно е слободна, а во оваа прилика реши да го „прослави животот“ организирајќи голема летна забава со семејството и пријателите по 246 дена што ги помина во Газа.

Таа, исто така, ја искористила приликата да ја повика терористичката група да ги ослободи преостанатите заложници, вклучително и нејзиното момче Авинатан Ор, пренесува Тајмс оф Израел.

„Не е идеална ситуација да се забавуваме додека војната се уште трае во позадина… Додека нашите војници се на бојното поле, додека има 209 заложници таму во Газа, вклучувајќи го и моето момче Авинатан Ор, кој на сите ни недостасува ужасно. Но, во исто време, среќна сум што имам можност да го прославам животот со сите вас. Оваа забава е потсетник дека треба да го цениме секој ден во нашите животи, мора да го славиме секој момент додека сме тука“, рече таа во видеото кое го емитуваше Канал 12.

Сепак, не сите гледаа позитивно на нејзината забава. На социјалните мрежи следеа бројни критики за неа и нејзиното друштво, кои тие ги сметаат за непримерни.

„Над 200 невини палестински цивили беа безмилосно искасапени за да се ослободи Ноа Аргамани, само за таа да танцува полугола со својот татко без кошула на морничави техно звуци додека нејзиното момче е сè уште во заробеништво. Какво пореметено, болно општество“, гласеше еден од коментарите на критичарите.

„Земењето цивили заложници е воено злосторство и дело за осуда, за сите страни. Но, тука е видлива разлика – палестинските заложници по нивното ослободување изгледаат измачено, скршено и неспособно, додека израелските заложници, на пример Ноа Аргамани, се забавуваат и слават како да е 1999 година“, додаде друг.

Да потсетиме дека од нејзиното ослободување, Аргамани стана еден од најгласните поборници на договорот за размена на заложници меѓу Израел и Хамас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK