(Видео) Кузеска: Политичката одговорност е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Screenshot-2024-08-27-114937.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Политичката одговорност која ја ветуваше Мицкоски пред изборите испари откако тој и неговите сопартијци седнаа во фотелјите. Му завршија работа лагите и ветувањата во предизборието, а сега во Владата пее нова песна. Сите се криви освен тие, сите други се одговорни за состојбите освен финкционерите на власта, сите претходни биле полоши од нив. Ова сценарио на обвинување на претходниците и оправдувања има краток животен век и граѓаните веќе не ги толерираат оправдувањата“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.


„За само два месеци се случија серија скандали на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а одоговорност нема за никого. ВМРО-ДПМНЕ на големо ја врати неказнивоста која беше главна карактеристика на Владата на Груевски. Прашање на време е кога ќе ни се случи некој нов Диме Спасов кога со апсурни објаснувања ќе се штитат политичарите од власта“, кажа Кузеска.

На прес-конференцијата таа потсети и побара уште еднаш одговорност, за како што кажа „сите скандали кои се случија, а кои ВМРО-ДПМНЕ сака да ги сокрие“.

„Нема одговорност за Јанушев кој си лапнал поклон од 325.000 евра. До каде е ДКСК со случајот? Нема одговорност за Сања Божиноска која е фатена во два скандали и која се скри од јавноста мислејќи дека ќе се заборават скандалите поврзани со нејзината работа во приватниот сектот. Одговорност ниту промена на министерката нема.

Нема одговорност за Гаши, за началниците на границата, за министрите, за партиски кадри кои се фатени во криминал.

Мицкоски пропушти шанса на дело да го докаже она што го ветуваше, а тоа е одговорност за сите функционери кои ќе направат злоупотреба на функцијата. За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е мисловна именка политичката одговоност. Затоа сега кога го гледаме како секој ден најавува нешто и споменува одговорност, нека си ја погледне прво неговата Влада, неговите кадри и неговите скандали“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK