„Бисера Антоанета за приватни потреби потрошила 52 илјади денари пари на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Усвоен-е-Извештајот-за-состојбата-со-заштитата-на-природното-и.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Обелоденувањето на трошоците од патувањата, поточно трошењата на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, сега веќе позната како Бисера Антоанета е само почеток на откривање на детали за расипништвото на претходната владејачка гарнитура. Граѓаните вчера имаа можност да видат и конкретни сметки од купувањето на чорапи, хулахопки, куфери, мечиња кои ги купувала Бисера Антоанета“, велат ВМРО-ДПМНЕ.



„Бисера Антоанета за приватни потреби потрошила 52 илјади денари пари на граѓаните. Тоа е сума, приближна, со која живее едно четиричлено семејство.

Да потсетиме, тоа се сметки за куфер Самсонајт од 59 фунти. Потоа купила и куфер од 219 фунти. Тука е и сметката од Гифт Галор Лондон од 89 фунти, од каде Бисера Антоанета си купила плишано мече Педингтон, како и фудбалска топка.

Ова се само неколку примери. Или ова е само почеток од информирање на јавноста. Следуваат уште поскандалозни случаи од нејзиното аздисано однесување и трошење на пари на граѓаните.

Бисера Антоанета почна сама да се правда, поточно да лаже, а партиските другари како Фатмир Битиќи почнаа да ја бранат. Едно е јасно, ни Вардар не ја пере Бисера!

Со докази ќе продолжиме и денеска да ја информираме јавноста за аздисаноста на лица од претходната власт. Ќе информираме како претходната влада на СДС и ДУИ ги трошеле парите на граѓаните изминатите 7 години“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK