ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради промена на вентил во шахта од ф – 3/4 на улицата 27-ми Март бб кај амбасадата на Кралството Шпанија во Центар, без вода ќе останат корисниците од улиците 27-ми Март и Никола Кљусев во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.