Популарноста на Путин опадна по успешната украинска офанзива на Курск, најголем пад од почетокот на инвазијата

putin4-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Успешната украинска офанзива на Курск, која започна на 6 август, имаше негативно влијание врз популарноста на рускиот претседател Владимир Путин, покажуваат резултатите од најновото истражување на јавното мислење.



Истражувањето на „Vtsiom“, руски центар за истражување на јавното мислење близок до Кремљ, покажува дека популарноста на Путин одеднаш паднала за да се совпадне со упадот на Украина на руска територија, што е првпат од крајот на Втората светска војна војската на странска земја да влезе во Русија.

Резултатите покажуваат дека популарноста на Путин е намалена за 3,3 процентни поени во последните две недели, но и понатаму е на високи 73,6 отсто. Ова е и најголем пад на популарноста на рускиот претседател од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, објави „Телеграф“.

Во исто време, тоа е најголемиот пад на популарноста на Путин од септември 2022 година, кога тој прогласи делумна мобилизација наспроти недостигот на војници на фронтот, како и по неуспешниот пуч на платениците од Вагнер. Други извештаи веќе укажуваат на пад на популарноста на Кремљ по нападот во Курск.

Анализата на руските мејнстрим и социјалните медиуми од „ФилтерЛабс“, компанија со седиште во САД, пред осум дена покажа дека додека руската пропаганда остана цврсто про-Путин, податоците од регионот Курск покажаа „вистинска фрустрација на граѓаните од руската влада“, бидејќи луѓето веруваа дека рускиот лидер „заслужува дел од вината“ за ситуацијата во која се нашле.

Директните напади врз Владимир Путин се релативно ретки во Русија, каде што фрустрациите на обичните луѓе обично се насочени кон функционери од понизок ранг. Питер Померанцев, автор на книги за пропагандата на Кремљ, рече дека инвазијата на Курск ја разниша руската доверба.

„Додека државните медиуми во Русија ја префрлаат вината за успехот на Украина од драгиот лидер, на социјалните мрежи и внатре во Курск чувството кон Путин се намалува“, рече тој.

Марк Галеоти, почесен професор на колеџ во Лондон, рече дека користењето на социјалните медиуми за мерење на јавната поддршка за Путин има свои ограничувања, но извештајот на „ФилтерЛабс“ е многу корисен.

„Со оглед на ограничувањата на конвенционалното истражување на јавното мислење во авторитарен режим, ова е веројатно подеднакво добар индекс на јавното расположение како и сите други“, рече тој.

Аналитичарите, исто така, го поставија прашањето – Дали воопшто може да се верува на официјално високата популарност на Путин, бидејќи многу Руси се чувствуваат под притисок да го поддржат.

Во март оваа година Путин победи на претседателските избори во Русија со рекордни 88,5 отсто од гласовите, иако независните набљудувачи на изборите ги опишаа изборите како измама.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK