(Видео) Снимен е рускиот напад на клучната брана во Украина

ukraina-napad-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Браната кај Киев, која е дел од хидроцентралата лоцирана во близина на главниот град на Украина, беше погодена за време на денешниот масовен руски напад врз Украина. Тимофиј Милованов, советник во кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, потврди дека браната претрпела удар.


Зеленски претходно изјави дека Русија употребила најмалку 100 проектили и 100 беспилотни летала во нападот. Во нападите загинаа најмалку четири лица, а повеќе од десет се повредени.

Милованов рече дека браната „држи“, но изјави дека во нападот е оштетена електраната.

„Доколку попуштеше браната, голем дел од Киев ќе беше под вода“, рече Милованов.

Тој објави уште едно видео на социјалната мрежа Х, за кое вели дека не е јасно дали го претставува моментот кога Русите ја промашиле браната или се обидувале да го таргетираат долниот дел од браната.

Не е јасно колкава штета е предизвикана на електраната, пишува Киев Индепендент.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK