Пукна брана во Судан, загинаа најмалку 60 луѓе

Screenshot-2024-08-26-191613.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 60 луѓе загинаа во Судан кога браната Арбат на истокот на земјата пукна поради обилните врнежи.


Се претпоставува дека бројот на жртвите е уште поголем, јавува Би-би-си, додавајќи дека браната Арбат има капацитет од 25 милиони кубни метри и е главен извор на вода за пиење за крајбрежниот град Порт Судан.

Поради обилните дождови, десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови, а пукањето на браната е, се наведува, само еден од инцидентите. Спасувачите од воздух се обидуваат да ги спасат луѓето кои останале заробени откако побарале засолниште во планините, пренесува локалниот весник Мердамек.

Директорот на Управата за вода во Судан, Омар Иса Тахир, изјави за локалниот информативен сајт Ахбар дека поплавата „ја збриша целата област“.

Во објавата на Фејсбук, војската ги повика сите „федерални и државни агенции да ги искористат сите можности да им помогнат на граѓаните во овие региони и да им пружат поддршка и помош“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK