Ленгле на позајмица во Атлетико

GettyImages-1603065120-scaled-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Барселона, Клемент Ленгле до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во Атлетико, соопштија од клубот од Мадрид.


Ленгле (29) е член на Барселона од 2018 година, а последните две сезони, како позајмен фудбалер играше во Тотенхем и Астон Вила.

Пред Барселона, францускиот фудбалер играше за Севилја и Нанси.

Во соопштението на Атлетико се наведува дека Ленгле успешно ги поминал лекарските прегледи и наскоро ќе се приклучи на тренинзите.

Со доаѓањето на ленгел, тренерот Диего Симеоне, си ја исполни желбата да има во тимот најмалку еден стопер кој игра со левата нога. Атлетико се реши за Ленгеле откако не успеаја преговорите со Феенорд за Дивид Ханцко.

„Јорганџиите“ за словачкиот репрезентативец нудеа 30.000.000 евра и дополнителни бонуси, додека Феенирд бараше фуиксни 35.000.000 евра.

Атлетико е на третото место во Ла Лига со четири бода, а во следната рунда ќе се сретне со Еспањол.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK