Иранскиот министер повтори дека Техеран ќе одговори на убиството на лидерот на Хамас

1-30.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи повтори дека неговата земја ќе одговори на убиството на политичкиот водач на милитантната група Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран минатиот месец.


„Реакцијата на Иран на израелскиот терористички напад во Техеран е конечна и ќе биде одмерена и добро пресметана. Не се плашиме од ескалација, но не ја бараме – за разлика од Израел“, напиша Арагчи на мрежата Х, а пренесе Ал Џезира.

Арагчи изјави дека тоа го кажал во телефонски разговор со италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK