Хрватската пејачка Северина е приведена на српската граница

severina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ е приведена на српската граница во неделата вечерта, дознава српски „Блиц“.


Според сознанијата на српските медиуми, полицијата ја привела бидејќи, како што тврдат, давала некои спорни изјави во медиумите.

Откако Северина минала преку разговор со надлежните органи, била пуштена да влезе во Србија.

Меѓутоа, пејачката одлучила самоиницијативно да се врати во Хрватска.

Северина се вратила во Хрватска и засега не дала никаква изјава во врска со овој настан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK