Припадник на тимот на Ројтерс е убиен во Украина, двајца новинари во болница

2-28.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Членот на тимот на новинската агенција Ројтерс, кој известува за војната во Украина, Рајан Еванс (38) е убиен, а двајца новинари на Ројтерс се повредени во напад на хотел во градот Краматорск на истокот на Украина, објави новинската агенција.


Еванс, кој работел како советник за безбедност во агенцијата, бил убиен кога проектил го погодил хотелот Сафир, каде што престојувал шестчлен тим на Ројтерс, во саботата, соопшти агенцијата.

Двајца новинари кои беа повредени во нападот се во болница, а еден од нив е тешко повреден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK