Страшна сообраќајка во Србија, еден загинат и 14 повредени во судир на камион и автобус

soobrakajka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во сообраќајната несреќа што се случи утринава околу 7 часот и 50 минути во Умка на Новиот обреновачки пат во која учествуваа камион и автобус, загина едно машко лице, додека 14 лица се пренесени во Ургентниот центар, соопшти српското МВР.



Итната медицинска помош соопшти дека петмина од повредените се во критична состојба.

Припадници на МВР на Србија се на терен, а сообраќајот се насочува кон стариот Обреновачки пат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK