(Видео) Баер со драматична победа во Менхенгладбах ја започна одбрната на титулата

12458719.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Борусија Менхенгладбах и минатогодишниот шампион Баер Леверкузен приредија вистински спектакл на отворање на 62. сезона во Бундес лигата.


Тимот на Чаби Алонсо продолжи таму каде што застана минатата сезона, со победа длабоко во судиското надополнување на времетот.

Баер ја започна одбраната на титулата со победа на гостувањето кај Гладбах со 3:2.

По одличната увертира и кореографија на преполниот стадион, Гранит Џака постигна фантастичен гол од далечина, но не сакаше да слави против својот поранешен клуб.

Во 38. минута Флоријан Вирц одлично реагираше на одбиената топка и ја зголеми предноста на Баер.

Гладбах сепак успеа да возврати и да се врати во мечот по еден час игра со голот на
Нико Елведи.

Домашните продолжија со нападите и тоа на домашните им се исплатеше во 85. минута кога Клајндист одлично реагираше и го совлада голманот Храдецки за 2:2.

Гладбах сепак не усшеа да освои бод, кој го заслужи со она што го покажа на теренот.

Во 100. минута беше досуден пенал за Леверкузен. Ударот на Вирц го одбрани домашниот голман, но топата се одби до играчот Баер кој од вториот обид не промаши.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK