Деветмесечно бебе почина заклучено во автомобил: бабата го оставила на жештината со часови во Тексас

shutterstock_1011917662-725x483.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Деветмесечно бебе во Бивил, Тексас, било оставено од страна на нејзината баба во автомобил. Попладнето го пронашла детето врзано на детско седиште на задното седиште без знаци на живот.


Бебето починало од топлотен удар, откако неговата баба со часови го оставила во автомобилот врзано за детско седиште, пренесува „N1“.

Трагедијата се случила во градот Бивил во сојузната држава Тексас, кој води во САД по бројот на такви смртни случаи кај децата. Дури 156 деца починале на ист начин во последните 23 години во таа земја, пишува „Дневник.хр“.

Последниот случај се случил откако бабата го заборавила детето во автомобилот. Таа го напуштила возилото во 08:30 часот и се вратила во возилото околу 16 часот за да го пронајде детето без знаци на живот.

Само ден претходно, 22-месечно дете загина во автомобил во Корпус Кристи.

„Овој случај го третираме како убиство. Засега не е покренато обвинение против никого, но најверојатно тоа ќе биде направено“, соопшти окружната полиција додавајќи дека истрагата се уште е во тек.

Само оваа година во САД имало најмалку 25 случаи во кои мали деца загинале затворени во жешки автомобили, пишува „ABC News“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK